КАДЕ БРЗАШ, ЖИВОТЕ – Јасмина Колеска Кузманоска

Сподели на социјалните мрежи

КАДЕ БРЗАШ, ЖИВОТЕ

Од изворот волшебен „извре“,
како река потече
брзајќи вјаса – трча,
секој сака да го стигне
а тој како видра во реката се нурна да
нурка,
се влече како чедо за рака фатено.
„Каде брзаш, животе?
Смири го чекорот
и овој ден ќе помине
ќе остане само спомен,
во рамка украсен
ќе стои секој ден
и кој и да погледне,
само сликата ќе ја види
ќе остане нем и запрашан.
Што ли таа рамка зад себе крие?
Љубов е тоа — се родила, љубела
и светот го видела.
О, да исправено одеше
со тупнат чекор земјата ја будеше,
денес тивко ја моли
самотијата да му прости.
Ах, животе… брзо помина,
шепотот денес ми зборува
гласот за тебе ми спомнува.

Јасмина Колеска Кузманоска

Прилеп


Сподели на социјалните мрежи