ВО ПОНЕДЕЛНИК БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ – ПРИЛЕП ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МУЗЕИТЕ

Сподели на социјалните мрежи

На 18 мај ширум светот се одбележува Меѓународниот ден на музеите – ден посветен на зачувувањето на културното наследство, историјата и уметноста. Овој значаен датум е востановен во 1977 година од страна на International Council of Museums (ICOM),, со цел да се истакне важноста на музеите како простори за едукација, културен дијалог и инспирација.
По тој повод, во понеделник, на 18 мај 2026 година, НУ Завод и музеј – Прилеп ќе овозможи бесплатен влез за сите посетители во периодот од 10:00 до 18:00 часот.
Граѓаните ќе имаат можност бесплатно да ги посетат:
• Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски Питу“,
• Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ – Участак,
• Музејот за тутун – постојана поставка,
• Галеријата на икони – постојана поставка,
• Археолошката поставка,
• Лапидариумот,
• Етнолошката поставка,
• Роднокрајната музичка поставка,
• Камерната галерија „Аче“,
• Графички – книжни икони.
Од НУ Завод и музеј – Прилеп потсетуваат дека музеите не се само чувари на минатото, туку и мост помеѓу генерациите, места каде што историјата оживува и се создаваат нови идеи и вредности.
Во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, деновиве беше организирана и изложба и креативна работилница во соработка со Општина Прилеп, како дел од манифестацијата „Денови на Крали Марко“, на која учествуваа ученици од неколку прилепски основни училишта.


Сподели на социјалните мрежи