Денес премиерно беше претставена песната „Серенада за Прилеп“, музички проект исполнет со емоции, спомени и љубов кон градот, во изведба на Блага Петреска, Дац и Александар Митевски.
Песната претставува топла и искрена музичка разгледница за Прилеп – градот под Марковите Кули, градот на чаршијата, тутунот, корзото, мајтапот и првите љубови. Преку стиховите и мелодијата се будат спомени и чувства што многумина прилепчани ги носат длабоко во себе.
Посебна вредност на проектот му дава поддршката од „Витаминка“, која по повод 70 години постоење му подари на Прилеп музичка посвета каква што заслужува – топла, достоинствена и искрена.
„Серенада за Прилеп“ е повеќе од песна – таа е емоција, сеќавање и благодарност кон градот што оставил белег во животите на многу генерации.
Линк до песната:
















