Свети Кирил и Методиј, Марија Мантова

Сподели на социјалните мрежи

Свети Кирил и Методиј

Вашите свети имиња се врежани во нашиот код
вашата беспрекорна душа им давала светлина на луѓето,
со вашите вешти раце ја навезавте глаголицата
поставивте камел темелник и бедем за идните генерации.

Со чистота и убост во душата ја ширевте христијанската религија
еликсирот на почетокот и крајот на човештвото,
алфата и омегата на сè познато
видливо и невидливо.

Нивниот светол пат и нивната мисија
биле јасни како што сонцето јасно изгрева и заоѓа,
сакале секој човек да ја толкува верата на свој јазик
мил до срцето како приспивна песна од мајчино срце.

Почитувањето на мајчиниот јазик и верата
се постулатите врз кои треба едно општество да се издигнува,
да ја продолжиме вашата мисија
со чиста мисла како утринска роса,
чисто срце од кое извира љубов и почит
кон сите битија од дадената ни временска рамка.

Марија Мантова – Прилеп


Сподели на социјалните мрежи