Д-Р ИВОНА ПАНЏАК-ПИНЕВА СО УЧЕСТВО НА XXВ МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ НА ВИЗАНТОЛОЗИ „НИШ И ВИЗАНТИЈА“

Сподели на социјалните мрежи

На XXV Меѓународен симпозиум на византолози „Ниш и Византија“, кој се одржа од 3 до 5 јуни 2026 година во Ниш, Република Србија, учествуваше д-р Ивона Панџак-Пинева, научен соработник во ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.
Годинашното издание на овој престижен научен собир беше посветено на темата „Православното царство на Римјаните во претставите на првите христијани“. Симпозиумот беше организиран од Градот Ниш, Универзитетот во Ниш и Православната епархија нишка, во рамките на чествувањата посветени на патроните на градот – Светите цар Константин и царица Елена. Воедно, беше одбележан и значаен јубилеј – 25 години од постоењето на овој реномиран меѓународен научен собир.
Д-р Панџак-Пинева, која е вработена во ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, го презентираше својот научен труд „The Lost Image: Reconsidering the Iconographic Program of St. Panteleimon (Plaošnik) through its 14th-Century Fragments“.
Излагањето претставува дел од научноистражувачкиот проект „Византиските монашки центри во РС Македонија: традиција и континуитет“, кој го реализира ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.
Со своето учество на овој значаен меѓународен научен форум, д-р Панџак-Пинева даде придонес во претставувањето на резултатите од современите истражувања на Институтот и во афирмацијата на македонската наука во областа на византологијата и културното наследство.


Сподели на социјалните мрежи