ТАЈНАТА НА ЗБОРОВИТЕ, Сузана Д.Рулеска

Сподели на социјалните мрежи

ТАЈНАТА НА ЗБОРОВИТЕ

Капка надеж во песните,
капка љубов во зборовите,
тие се капки верба во стиховите,
капка светлина на животот,
ја раскажуваат среќата
го бришат немирот,
го чистат лицето од болката,
само во сонот се губат.
Тие имаат своја приказна
своја илузија,
ја допираат мистеријата на тајната
имаат поглед бескраен
во чиј сјај се топат.
Се бараат себе си
во својата приказна,
се бараат во сопствената капка,
тие не се капка утринска роса на цветот,
не се капка крв,
не се капка вино,
тие се капка солза радосница,
понекогаш капка немир
но, секогаш капка љубов.


Автор
Сузана Д.Рулеска


Сподели на социјалните мрежи