БАЛЕРИНИТЕ ОД „ЛЕБЕД“ ЌЕ ОДРЖАТ ГОДИШЕН КОНЦЕРТ ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Балетското студио „Лебед“ годинава ќе ја заокружи својата успешна сезона со годишен концерт, кој ќе се одржи на 14 јуни (недела) во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, со почеток во 20 часот.
На сцената ќе настапат балерините, кои преку внимателно подготвени кореографии ќе го претстават својот труд, посветеност и љубов кон балетската уметност. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со елеганција, грациозност и уметнички израз, создадени како резултат на долгогодишната работа на студиото.
Годишниот концерт е можност младите балерини да ги споделат своите достигнувања со публиката, но и да ја потврдат важноста на балетската уметност во културниот живот на градот.
Организаторите ги покануваат сите љубители на танцот и уметноста да бидат дел од оваа балетска вечер и да ги поддржат младите таленти кои со своите настапи ќе ја разубават сцената на Центарот за култура.


Сподели на социјалните мрежи