„DISCO NIGHT“ ВО ЧЕТВРТОК НА „ОД 0 ДО КУЛТУРА“ – ВЕЧЕР ИСПОЛНЕТА СО БЕЗВРЕМЕНСКИ ДИСКО ХИТОВИ

Сподели на социјалните мрежи

Продолжуваат музичките вечери во рамките на летната културна манифестација „Од 0 до КултурА“. Во четврток, на 2 јули, со почеток во 21 часот, на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп ќе се одржи концертот „Disco Night“, кој на публиката ќе ѝ понуди вистинско музичко патување низ златната ера на диско музиката.

Станува збор за специјално осмислен концепт, подготвен токму за проектот „Од 0 до КултурА“. Иако бендот Aleks & Friends е добро познат на македонската публика по своите бројни настапи, оваа вечер ќе биде посветена исклучиво на најголемите диско хитови.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во безвременските песни на музички легенди како Donna Summer, Madonna и многу други изведувачи кои ја одбележаа диско сцената.

На сцената ќе настапат:

  • Алекс – вокал
  • Александар Ристески – гитара
  • Анастасија Ристовска – тапани
  • Мартин Стојанов – бас гитара
  • Лашко Атанасов – клавијатури

Организаторите ги покануваат прилепчани и сите љубители на добрата музика да бидат дел од оваа летна вечер, да понесат добро расположение и да уживаат во препознатливите диско ритми под отворено небо.


Сподели на социјалните мрежи