@НЕВРЕМЕ, Менче Кадинец

Сподели на социјалните мрежи

@НЕВРЕМЕ

Сето невреме се собра во мене

облаци тешки

зборови жешки.

А дождот ме ороси

очни капаци пливаат низ него

како серенада на сцена

се допирам ме нема.

Невреме ли ќе иде

кој знае ,кој виде

немири  во душа ме гонат

мислите ми се ронат.

Невреме се движи

секоја мисла

може болка да биде

нешто во гради ми се кине.

Невремето ме прокисна

како голтка вода ме накисна

облаци тешки,темни,патуваат

низ етерот слетуваат.

зборови жешки.

Менче Кадинец


Сподели на социјалните мрежи