ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ЗАРОБЕНА ВИСТИНА“ ЌЕ БИДЕ ПРИКАЖАН ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

По повод 25 години од смртта на народниот херој и носител на Партизанска споменица 1941, Крсте Црвенковски (Прилеп, 16 јули 1921 – Скопје, 21 јули 2001), во Прилеп ќе биде прикажан документарниот филм „Заробена вистина“, посветен на неговиот живот и дело.
Проекцијата ја организира НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп. Филмот го прикажува животниот пат на Крсте Црвенковски, неговото политичко дејствување и улогата што ја имал во сложените општествени и историски процеси во Македонија и поранешна Југославија.
Коавтори на документарниот филм се режисерот Никола Т. Калајџиски и Аристид Филактов.
Проекцијата ќе се одржи во вторник, 21 јули, со почеток во 18:30 часот, во киното „Мис Стон“ при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Влезот е слободен.


Сподели на социјалните мрежи