Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги утврди Конкурсите за запишување студенти во прва година на прв, втор и трет циклус студии за академската 2026/2027 година. Конкурсите се објавени на официјалната веб-страница на Универзитетот https://uklo.edu.mk/blog/upisi-2026-27/ . Во нив се содржани сите информации за условите за запишување, бројот на слободни места по студиски програми, потребната документација и динамиката на уписните активности. Конкурсите се достапни на следните линкови:
Конкурс за запишување на прв циклус студии: : https://uklo.edu.mk/wp-content/uploads/2026/07/KONKURS-I-ciklus-studii-2026-2027.pdf
Конкурс за запишување на втор циклус студии: https://uklo.edu.mk/wp-content/uploads/2026/07/Konkurs-II-ciklus-studii-2026-27.pdf
Конкурс за запишување на трет циклус (докторски студии): ): https://uklo.edu.mk/wp-content/uploads/2026/07/KONKURS-III-ciklus-studii-2026-2027.pdf
На прв циклус додипломски студии може да се запишат вкупно 2115 од кои 1074 места се во државната квота, 612 со кофинансирање и 429 за вонредни студии. Пријавувањето на кандидатите во првиот уписен рок ќе се реализира од 18 до 21. 08.2026, на 3 и 4 .09.2026 за вториот уписен рок и третиот, на 23 и 24.09.2026 година.
И оваа година, матурантите и идните студенти можат да се информираат за сите студиски програми, можностите за студирање, како и за студентскиот живот и можностите на Универзитетот и сите бенефити што им стојат на располагање преку Алијансата КОЛОРС https://uklo.edu.mk/colours/ . Како што е познато, УКЛО е алтивна членка на европската универзитетска алијанса КОЛОРС и со повеќе од 4.000 студенти – е дел од академска заедница што поврзува над 120.000 млади луѓе од девет европски универзитети. Со учеството во КОЛОРС, УКЛО овозможува и заедничко градење и унапредување на европските вредности во високото образование, како и нови можности за меѓународна соработка, мобилност и академски развој.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги повикува сите заинтересирани кандидати навремено да ги разгледаат конкурсите, да се информираат за условите и роковите за пријавување и да ја изберат студиската програма што најмногу одговара на нивните интереси и професионални амбиции.















