Во фоајето на НУ Центар за култура Битола утре, 13 август, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворено 14-тото издание на изложбата „Со Љубов од Битола“ 2026.
Годинешното издание е посветено на темата „Битола во златниот час“, а на јавниот конкурс, кој се одржа од 1 до 31 јули, учествуваа 19 фотографи.
Стручното жири, во состав Александар Јоначиќ, Горан Кузмановски и Диоген Хаџи-Коста Милевски, направи селекција од 28 фотографии кои ќе бидат претставени на изложбата.
На отворањето ќе бидат прогласени и наградени авторите на најдобрите три фотографии.
Изложбата ќе биде отворена до 28 август 2026 година, во фоајето на НУ Центар за култура Битола.

















