Институтот за старословенска култура – Прилеп на 18 август го посетија македонисти од Романија, Хрватска и Аргентина, предводени од м-р Елена Ѓорѓиовска, лекторка на Лекторатот по македонски јазик и литература при Факултетот за странски јазици и литература во Букурешт, Романија.
Гостите имаа можност поблиску да се запознаат со работата и активностите на Институтот, неговата научноистражувачка дејност, како и со начинот на кој се проучуваат и негуваат старословенската и македонската јазична и книжевна традиција.
Во рамките на посетата, македонистите ја посетија и библиотеката на Институтот, каде што се запознаа со дел од богатата научна и стручна литература со која располага оваа научна установа.
Посетите на македонисти од различни земји претставуваат можност за размена на знаења и искуства, но и за дополнително поврзување на научните и образовните средини кои се занимаваат со проучувањето на македонскиот јазик, литература и културно наследство.

















