„ОД 0 ДО КУЛТУРА“ ПРОДОЛЖУВА СО МУЗИЧКА ВЕЧЕР СО BANDA BEND

Сподели на социјалните мрежи

Традицијата на концерти на Камената бина во рамките на манифестацијата „Од 0 до КултурА “, кој го реализира Општина Прилеп, продолжува и оваа недела со настап на прилепскиот бенд Banda Bend.
Во четврток, 20 август, со почеток во 21:30 часот, на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, публиката ќе има можност да ужива во концерт посветен на музиката на светски познатите бендови Coldplay и Travis.
Banda Bend е прилепски бенд оформен пред 15 години, кој низ годините ја гради својата музичка приказна преку љубовта кон добрата музика и бројни настапи во живо низ Македонија. Членовите на бендот и овојпат подготвуваат вечер исполнета со познати песни и препознатливи мелодии.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со добра музика, емоции, хитови и одлична енергија – песни што ги знаеме, ги сакаме и ги пееме заедно.
Концертот е дел од летната програма на „Од 0 до КултурА “, преку која Камената бина на плоштадот „Александрија“ и ова лето е место за музички средби и настапи на домашни изведувачи.


Сподели на социјалните мрежи