Ликовната колонија „Марко Цепенков – Дрен 2026“, која ја реализира НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, е во полн ек. Уметниците веќе работат на своите дела, а во рамките на годинашното издание се создаваат монументални скулптури наменети за трајни уметнички интервенции во просторот.
На 18. издание на колонијата творат Озбек Ајваз, Никола Пијанманов, Емил Солески, Дамјан Ѓуров, Слободан Милошески, Славчо Павлоски и Марјан Стојаноски, координатор на колонијата.
„Прилеп создава, поддржува и остава траги. Уметноста е дел од просторот, од нашиот идентитет и нашето културно наследство“, вели Стојаноски.
НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп колонијата ја реализира со поддршка на Општина Прилеп и Министерството за култура и туризам.

















