Камената бина на плоштадот „Александрија“, во Прилеп, синоќа беше место за уште еден музички настап во рамките на летната манифестација „Од 0 до КултурА“, која ја реализира Општина Прилеп.
Пред присутните настапи прилепскиот бенд Banda Bend, кој понуди своја музичка изведба, со посебен акцент на песните на светски познатите бендови Coldplay и Travis.
Во текот на концертот беа изведени и песни од други познати бендови, со што Banda Bend понуди разновиден репертоар и своја интерпретација на музиката што ја избраа за настапот.
Banda Bend е прилепски бенд оформен пред 15 години, кој низ годините ја гради својата музичка приказна преку љубовта кон добрата музика и бројни настапи во живо.
Настапот на Banda Bend беше дел од програмата на „Од 0 до КултурА“, преку која Камената бина на плоштадот „Александрија“ во текот на летото е простор за музички настапи и претставување на домашни изведувачи.

















