КОНЦЕРТ НА ДРАГАН ДАУТОВСКИ

Сподели на социјалните мрежи

Здружението за субкултура „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“, организатор на фестивалот Prilep Jazz Weekend, со големо задоволство информира дека на 23-ти август 2026 г. (недела), со почеток во 18:30 часот, ќе го реализира првиот настан од јубилејното петнаесетто (15) издание – концерт на Драган Даутовски.
Организаторите ја продолжуваат традиционалната соработка со Центарот за истражување на праисторијата преку организирање концерти и промовирање на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, каде редовно се приредуваат несекојдневни моменти за уживање во амбиентот што го нуди локалитетот.
Организаторите им се заблагодаруваат на Општина Прилеп, Општина Кривогаштани, општествено одговорната компанија GURMANO и на сите добронамерници кои несебично го помагаат овој настан.
Официјалната програма на овогодинашниот Prilep Jazz Weekend ќе можете да ја проследите во просториите на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп на 1, 2 и 3 октомври.


Сподели на социјалните мрежи