МОЛЧЕЊЕ
Молчам јас молчиш и ти.
Молчење.
Збор по збор расправија.
Распарчување на душите.
Разделеност.
Нема топлина.
Меѓу нас пустелија од зборови недокажани,
или кажани молчешкум.
Во душата јад и горчина како пелин.
Медот го исркавме сега пелинот е на ред.
Го затворам срцето како секое пенџере
едно, по едно редејќи јадови.
Таговна ми е душата,
не знам за твојата, ама мојата мириса
на неизорана земја и на пелин.
Ми горчи.
Се уморив од молчење
чекајќи да зајде денот.
Снежана Паноска
Од Стихозбирката ,, ВИНОЖИТА“
















