На 18 и 19 септември во Прилеп ќе се одржи XIV меѓународна конференција EBSiDE 2026 – Economy, Business & Society in Digitalized Environment, во организација на Економскиот факултет – Прилеп.
Конференцијата е посветена на промените што ги носи дигиталната трансформација и нивното влијание врз економијата, бизнисот и општеството. Во фокусот се актуелни прашања поврзани со дигитализацијата, новите технологии, економскиот развој и промените во деловното и општественото опкружување.
На конференцијата ќе учествуваат професори, истражувачи, претставници на бизнис секторот и други професионалци од повеќе земји, кои ќе ги презентираат своите истражувања, идеи и искуства. Предвидено е учество и на постдипломци и докторанти кои работат на теми поврзани со дигиталната трансформација.
EBSiDE има традиција подолга од две децении. Досега се одржани 13 конференции, на кои биле презентирани повеќе од 960 научни трудови од над 1.750 автори од повеќе од 25 земји.
Целта на конференцијата е да овозможи размена на научни сознанија и практични искуства, но и да поттикне поврзување и соработка меѓу академската заедница, бизнис секторот и поширокото општество.

Повеќе информации за конференцијата, темите и програмата се достапни на официјалната веб-страница на EBSiDE 2026.
















