БЕШЕ АЛЦХАЈМЕР, Марија Симоноска

Сподели на социјалните мрежи

По повод кревање свесност за соочување со Алцхамеровата болест
21 Септември – Ден на Алцхјамеровата болест

БЕШЕ АЛЦХАЈМЕР

Погрешен час.
Не, не бев јас.

Сè на погрешно место.
Не, не бев јас.

Измислена приказна.
Не, не бев јас.

Погрешно минато.
Не, не бев јас.

Гладен сум.
Не, не сум гладен.

Згрешена улица.
Не, не сум јас.

Јас сум твоето дете.
Не, не си ти.

Јас сум твојот сопруг.
Не, не си ти.

Погрешен тоалет.
Не не бев јас.

Каде е мајка ми?
-Ја чекам да дојди.

Татко ми ќе ме кара.
-Да одам дома ќе ме бара.

Каде ми се сите?
-Никој не ме виде.

Викотници и пискотници.
Ама не беше, не не беше тој.
Ама не беше, не не беше таа.

Беше Алцхајмер.
Марија Симоноска


Сподели на социјалните мрежи