ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ НА КИНЕСКИ ФИЛМ ВО МАКЕДОНИЈА ОД 5 ДО 8 ОКТОМВРИ ВО БИТОЛА

Сподели на социјалните мрежи

Во Центарот за култура Битола од 5 до 8 октомври ќе се одржи Првиот фестивал на кинески филм во Македонија, на кој публиката ќе има можност да погледне осум филмови од современата кинеска кинематографија.

Фестивалот ќе биде свечено отворен на 5 октомври во 20 часот во Големата сала на Центарот за култура Битола, со филмот „The Sun Rises on Us All“, кинеска драма од 2025 година во режија на Каи Шанџун.

Во филмот настапува актерката Ксин Џилеј, која за својата улога ја освои наградата „Волпи куп“ за најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Венеција.

Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани филмови од различни жанрови, со проекции во Големата и Малата сала на Центарот за култура Битола.

Програма

5 октомври – Голема сала

20:00 – „The Sun Rises on Us All“

6 октомври – Мала сала

11:00 – „Fall Into the Mortal World“
20:00 – „The Coffin Painter“

7 октомври – Мала сала

11:00 – „Monster Hunt 1“
20:00 – „When the Night Meets Light“

8 октомври – Мала сала

11:00 – „Monster Hunt 2“
19:00 – „Like a Rolling Stone“
21:00 – „24 Flavours“

По повод првата соработка со фестивалот, Центарот за култура Битола обезбедува бесплатни билети за проекциите. Билетите може да се обезбедат онлајн преку Kartick.mk.

Фестивалот е можност за публиката да се запознае со различни жанрови и теми од современата кинеска кинематографија, преку осум филмски остварувања во текот на четирите фестивалски денови.


Сподели на социјалните мрежи