Со „Прилепски џез викенд“, кој започна на 1 октомври, започна и програмата со која Општина Прилеп ја одбележува 85-годишнината од 11 Октомври 1941 година – почетокот на Народноослободителната борба на македонскиот народ.
Програмата ќе трае до 3 ноември, кога со изложби, свечена седница и доделување на Третоноемвриските награди ќе биде одбележан Денот на ослободувањето на Прилеп.
Во периодот од 1 октомври до 3 ноември се најавени културни, образовни, спортски и меморијални содржини, изложби, театарски претстави, промоции, работилници и други настани.
Програмата се одвива под мотото „Приказна за градот херој“, а централниот дел е предвиден во деновите околу 11 Октомври.
ПРОГРАМА
1–3 октомври
- Џез фестивал „Прилепски џез викенд“ – кино „Мис Стон“, НУЦК „Марко Цепенков“
4 октомври
- „Менопауза“, монодрама со Тијана Дапчевиќ – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
5 октомври
- „Бегство од музеј“ – интерактивна работилница – Участак
6 октомври
- „Детективи на минатото“ – интерактивна работилница – Участак
7 октомври
- „Јавното здравје кај младите“ – Библиотека „Борка Талески“
- Поетска вечер „Во пресрет на 11 Октомври“ – Библиотека „Борка Талески“
- Претстава „Животинска фарма“ – премиера – НУЦК „Марко Цепенков“
- „Херојот е мојот дедо“ – драмска претстава за Душко Наумоски – Участак
8 октомври
- Изложба на ДЛУ Битола – Галерија, НУЦК „Марко Цепенков“
- Театарска претстава „Животинска фарма“ – реприза – НУЦК „Марко Цепенков“
- „Студент е, прилепско дете“ – драмска претстава за Борко Лазески – Участак
8–10 октомври
- Фестивал на медот – плоштад „Методија Андонов-Ченто“
9 октомври
- 12:00 – Училишен перформанс „Формирање на македонското знаме“ – плоштад „Методија Андонов-Ченто“
- 17:30 – Промоција на книгата „Спомени на прилепските револуционери“ – д-р Славчо Ковилоски – Библиотека „Борка Талески“
- 18:30 – Проекција на филмот „До Балчак“ – кино „Мис Стон“, НУЦК „Марко Цепенков“
- 19:00 – Промоција на каталог посветен на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ – Участак
- 21:00 – Слем полуфинале – кино „Мис Стон“, НУЦК „Марко Цепенков“
10 октомври
- 10:00 – Меѓународен традиционален турнир во џудо „Прилеп Град Херој 2026“ – спортска сала, СОУ „Ристе Ристески-Ричко“
- 18:30 – Изложба на дела од ДЛУП – Ликовна галерија, НУЦК „Марко Цепенков“
- 19:00 – Посета на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“
- 19:30 – Свечена програма на Камена бина:
- Химна на Република Македонија во изведба на КУД „Пере Тошев“
- Промоција на краток филм за нападот на 11 Октомври 1941
- Поздравен говор на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски
- Импровизиран напад на Участакот
- Огномет
- Концерт во центарот на градот
11 октомври
- 09:00 – Полагање цвеќе на спомениците на хероите
- 09:00–14:00 – Традиционална крводарителска акција по повод државниот празник 11 Октомври – простории на Црвениот крст
- 10:00 – Меморијален турнир во шах „МАТ 2026“ – спортска сала, СОУ „Орде Чопела“
- 10:00–19:00 – Tuning Car Show – автомобилско шоу – булевар „Гоце Делчев“
12 октомври
- 11:00 – Техничко-тактички збор на АРМ – изложба на воена опрема и оружје и показни боречки вештини на специјалните единици – булевар „Гоце Делчев“
15 октомври
- Театарска претстава „Вечера за глупаци“ – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
16 октомври
- Стенд-ап со Александар Михајловски – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
17 октомври
- Фолклорна вечер со КУД „Моминок“ и гости од Босна и Србија – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
18 октомври
- „Че трчаме 2026“ – рекреативно-натпреварувачки атлетски настан – булевар „Гоце Делчев“
- „Тура преку Слива 2026“ – велосипедски настан на отворено – с. Штавица
19–25 октомври
- MOCPA 2026 & Training Camp – Меморијален ориентациски натпревар „Пеце Атанасоски 2026“ – Прилеп
20 октомври
- Стенд-ап со „Солзи и смеа“ – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
21 октомври
- Тркалезна маса „Македонија на Македонците – македонска ослободителна мисла (1893–1991)“ – Собраниска сала, Општина Прилеп
22 октомври
- Годишен концерт на ОКТЕТ – Прилеп – Голема сала, НУЦК „Марко Цепенков“
- Изложба на Илија Ацески – Галерија, НУЦК „Марко Цепенков“
24 октомври
- Prilep Downhill Cup – с. Штавица
3 ноември
- Изложба на дела од ликовната колонија „Дрен“
- Тематска изложба на архивски материјали, фотографии и документи кои го сведочат развојот на Прилеп
- Свечена седница и доделување на Третоноемвриски награди

















