МИРИСОТ НА ЛИПА
Ја сакам пролетта
во мојот град
и тивкиот развигорец
што го носи мирисот на липа.
По секоја улица,
во сечиј двор,
мириса на припадност,
мириса на дом.
Ги сакам и Кулите
под кои тој срамежливо се свил,
а тие гордо сведочат
дека Кралот Марко тука бил.
Го сакам и на поетите Тронот
кој гордо стои под Слонот
и Манастирот во закрила
на карпата сива.
Ја сакам и есента во мојот роден град ,
таа го шири мирисот на слобода,
во мојот Прилеп, мојот херој,
мојата гордост, мојот дом.
Андриана Ристеска
















