ЗА ЗДОМУВАЧИТЕ НА МИНАТОТО, Вера Искова

Сподели на социјалните мрежи

ЗА ЗДОМУВАЧИТЕ НА МИНАТОТО

(по повод 70-годишнина од Завод и Музеј Прилеп)

Времето, ах, времето…
забот што го гризе…
катник ли е, песјак ли е?
Гризе клетникот, ситни, дроби, џвака,
што минало исплукува и ѝ враќа на иднината!
Враќа: нагризано, згмечено, обезличено,
да се мисли таа, да се задумува,
да реди, да составува …
парчиња преживеалици,
парчиња живот одживеан,
да крои и прекројува,
одново, по свое…
Затрупало времето,
скрило во земјина утроба
снопови судбини,
човечки стравови,
маки и итроштини!
Затрупало времето
траги од борба да се биде,
да се одолее,
да се продолжи родот
да се остави трага во костец со универзумот
како себепотпечатување,
или случајно – без причина посебна!
Оти животот ти е една буричканица,
една матеница,
една суканица што собрала сѐ во себе.

Вера Искова


Сподели на социјалните мрежи