КАКО ДА Е ПИШАНО
Како да е некаде пишано,
само јас да губам,
тие што ги сакам,
она што го правам,
ништо да не ја види,
светлината на денот.
Како да е некаде пишано,
да страдам за сите луѓе на светов,
да исплачам море од солзи.
Како да е некаде пишано,
среќата од мене да бега,
во пусти гори,
во пусти планини,
и душава пустош да биде.
Ана Ѓорчевска

















