ИЗЛОЖБАТА „ПЕЈЗАЖНИ ЗНАЦИ 26“ НА АТАНАС АТАНАСОСКИ ПОСТАВЕНА ВО ЛИКОВНАТА ГАЛЕРИЈА ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Во Ликовната галерија при НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп од денес, 24 јули, е поставена изложбата „Пејзажни знаци 26“ од академскиот уметник Атанас Атанасоски.
Изложбата, која е поддржана од Министерството за култура и туризам, ќе може да се посети во наредните две недели, односно до 7 август.
Пред посетителите е претставена инсталација изработена од трновити растенија, кои и по бербата, како сува материја, ја задржуваат својата структура. Делото е создадено од локален природен материјал, со цел да ја истражи естетиката на хармоничниот соживот меѓу човекот и природата.
Ликовната поставка се фокусира на природните материјали како инспирација и ресурс во обликувањето на структурални површини со внимателно осмислени визуелни композиции.
Изложбата им нуди на посетителите можност преку природните материјали да ја доживеат авторската визија за односот меѓу човекот и природата.


Сподели на социјалните мрежи