ПОВЕЌЕ ОД СТО ПОЕТИ НА „ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2026“ ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Синоќа во кино-салата „Мис Стон“ во Прилеп заврши меѓународната поетска манифестација „Поетско Маркукуле 2026“, која собра повеќе од сто поети и љубители на поезијата.
Во исполнета поетска атмосфера, учесниците ги претставија своите стихови, создавајќи вечер посветена на поетскиот збор и на неговата моќ да ги поврзува луѓето, без оглед на границите и јазиците.
Манифестацијата, во организација на Клубот на литературни творци – Прилеп, со учеството на големиот број поети уште еднаш го потврди значењето на поезијата како простор за културна размена и поврзување.
„Поезијата повторно покажа дека ги надминува границите и остава траги во срцето“ – беше пораката со која заврши годинашното издание на „Поетско Маркукуле 2026“.

Фотографиите се од албумот на Клубот на литературни творци – Прилеп


Сподели на социјалните мрежи