„НЕЗАБОРАВ 2026“ ВО ЧЕСТ НА МИЛКО ЛОЗАНОВСКИ

Сподели на социјалните мрежи

Во рамките на Битолското културно лето „БИТФЕСТ 2026“, по 16-ти пат ќе се одржи забавно-музичката манифестација „Незаборав“, која годинава е посветена на познатиот битолски автор Милко Лозановски.
Концертот ќе се одржи во вторник, 25 август, во Центарот за култура – Битола, со почеток во 20 часот. Влезот е слободен.
На концертната сцена ќе настапат познати битолски музичари и изведувачи, кои во живо ќе исполнат дел од песните со кои Милко Лозановски остави трага во македонската музика.
Публиката ќе има можност да ги слушне „Битола ме вика“, во изведба на Петранка Костадинова на фестивалот „Валандово ’86“, „Свири стара тамбуро“, која ја изведе групата „Боеми“ на „Интерфест 1992“, „Еј, соколе“ на „Битолски конзули“ од „Валандово ’93“, како и „Рибари стари другари“ во изведба на Цветанка Ласкова на „Охридски трубадури ’95“, но и други познати композиции.
Сценариото и водителската улога се на Силвана Петрова Насух, додека автор на проектот е Панде Димитровски.
Манифестацијата „Незаборав“ низ годините беше посветена на бројни значајни автори, изведувачи и музички проекти, меѓу кои Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Лупчо Спасеновски, Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, „Битолчани на Валандово“, „Битолски конзули“, Драган Каранфиловски – Бојс, „Песни за Битола И дел“, „Песни за Битола ИИ дел“, „Интерфест 92–96“, Тоде Новачевски, како и изданието „15 години ретроспектива“.
Со овогодишното издание, „Незаборав“ продолжува да потсетува на вредните музички творештва и автори кои оставиле траен белег и се дел од културното и музичкото наследство на Битола и Македонија.


Сподели на социјалните мрежи