ЧЕТВРТА ПРИЛЕПСКА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА БЕРЗА НА ВИНИЛИ ВО НЕДЕЛА КАЈ ГРАДСКИОТ СААТ

Сподели на социјалните мрежи

Љубителите на винил-плочите, музиката и другите носачи на звук во недела, 30 август, ќе имаат можност да ја посетат четвртата прилепска интернационална берза на винили и други носачи на звук, која ќе се одржи кај Градскиот саат, од 11 до 17 часот.
На берзата ќе учествуваат излагачи од Прилеп, Куманово, Штип, Скопје и Белгија, а покрај музичките изданија, посетителите ќе имаат можност да проследат и неколку дополнителни содржини поврзани со музиката и аудиофилството.
Во рамките на настанот ќе биде поставен подвижен ретро музеј на музички аудио-антиквитети, кој ќе го презентира Зоки Мува, а ќе биде организирана и музичка работилница за аудиофилство и колекционерство, која ќе ја реализира Борче Мавро.
Берзата претставува можност за средба на љубителите на винилите и музиката, но и за запознавање со дел од историјата на музичките носачи и аудио-техниката.
Организатори на настанот се Блаже Томески Биџо, Јавен простор – Прилеп и Винтер априкот.


Сподели на социјалните мрежи