ДРАГАН И РАТКО ДАУТОВСКИ СО ИЗВОНРЕДЕН КОНЦЕРТ ПРЕД ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА

Сподели на социјалните мрежи

Во топла и пријатна атмосфера, синоќа во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, Драган и Ратко Даутовски одржаа концерт пред прилепската публика.
Иако концертот првично беше најавен на летната сцена, поради временските услови просторот беше променет, но тоа не влијаеше на музичкото доживување. Публиката имаше можност да ужива во препознатливиот музички израз на двајцата уметници и во звуците на македонската традиционална музика.
По неодамнешниот настап на Врбјанска Чука во рамките на „Прилеп Џез Викенд“, Драган и Ратко Даутовски повторно се сретнаа со прилепската публика, овојпат со концерт посветен на македонската музичка традиција.
Концертот беше поддржан од Министерството за култура и туризам.


Сподели на социјалните мрежи