„СО ЉУБОВ ЗА ПРИЛЕП“ – ХОРСКА МУЗИКА, ФОЛКЛОР И ПОЕЗИЈА НА КОНЦЕРТОТ НА КУД „ПЕРЕ ТОШЕВ“

Сподели на социјалните мрежи

Хорската музика, фолклорот и поезијата се сретнаа на концертната сцена во Прилеп, на годишниот концерт „Со љубов за Прилеп“ на КУД „Пере Тошев“, одржан во саботата, 26 септември 2026 година, во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“.
Во програмата настапи домаќинот КУД „Пере Тошев“, а гости беа Џез хорот „Артизан“ од Скопје и КУД „Моминок“. Поетскиот дел беше исполнет со стихови од Марија Мантова и Тони Павлески.
Програмата ја водеше Каролина Мицеска, а концертот пред публиката донесе различни содржини поврзани со музиката, фолклорот и поезијата.


Од КУД „Пере Тошев“ упатија благодарност до публиката, гостите и соработниците кои беа дел од концертот, како и до НУЦК „Марко Цепенков“ за поддршката во реализацијата на проектот.
Концертот беше поддржан од Министерството за култура и туризам.


Сподели на социјалните мрежи