Во кино „Мис Стон“ во Прилеп, на 21 октомври 2026 година (среда), со почеток во 19 часот, ќе биде прикажан филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума.
Филмот ја следи приказната за Адела, која, соочена со сиромаштијата што го загрозува нејзиното семејство, преку својата страст кон скејтбордингот се спротивставува на конзервативните општествени норми. Нејзината борба е насочена кон спасување на постарата сестра, која сè уште е малолетна, од договорен брак што се заканува да ја одреди нејзината иднина.
Преку приказната за двете сестри, филмот ги отвора прашањата за слободата на избор, положбата на девојките во традиционалната средина и можноста човекот да се спротивстави на наметнатите очекувања.
Времетраењето на филмот е 83 минути.
Влезниците може да се купат на билетарницата во кино „Мис Стон“ во понеделник, вторник и среда од 11 до 13 часот, како и еден час пред почетокот на проекцијата.
Организатор на проекцијата е НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

















