„ЗЕЛЕНА ГРАМАТИКА (ИРАЦИОНАЛНО)“ – ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ВИДЕО ТЕАТАР НА НОВА СЦЕНА ВО БИТОЛА

Сподели на социјалните мрежи

На 12 ноември 2026 година, на Новата сцена при Центарот за култура – Битола, ќе биде изведена премиерата на „Зелена граматика (ирационално)“, експериментален видео-театарски проект чиј авторски концепт и режија ги потпишува Иванка Апостолова Баскар.
Проектот ги поврзува видеото, театарот, визуелната драматургија и актерската игра, создавајќи сценска форма што ги поместува границите на традиционалниот театарски израз. Преку нивното меѓусебно испреплетување, публиката ќе има можност да проследи поинаков пристап кон сценското раскажување и уметничкото изразување.
Во авторскиот и изведувачкиот тим се Иванка Апостолова Баскар, која ги потпишува креативниот концепт, авторството, продукцијата, режијата и визуелната драматургија, и актерот Здравко Стојмиров, кој настапува во повеќе улоги.
За камерата, монтажата и звукот е задолжен Михаило Апостолов, фотографиите и асистенцијата на камерата се на Весна Бришкоска Апостолова, а светлото го потпишува Игор Мицевски.
Настанот се реализира во соработка со Народниот театар Битола и Центарот за култура – Битола.
Премиерната изведба е закажана за 12 ноември во 19:00 часот, на Новата сцена при Центарот за култура – Битола. Репризните изведби ќе се одржат на 13 и 24 ноември, исто така со почеток во 19:00 часот.
Влезниците се достапни исклучиво онлајн.


Сподели на социјалните мрежи