ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ – ПРИЛЕП И СОВЕТОТ ЗА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА ПРОФЕСИЈА ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Сподели на социјалните мрежи

Економскиот факултет – Прилеп и Советот за унапредување и надзор на сметководствената професија на Република Македонија воспоставуваат институционална соработка со цел поврзување на академското образование со практичните потреби и професионалните стандарди во областа на сметководството.
Меморандумот за соработка беше потпишан на 18 ноември 2026 година, во просториите на Економскиот факултет – Прилеп, од страна на деканот на Факултетот, проф. д-р Татјана Спасеска, и претседателот на Советот, д-р Дарко Дачевски.
Со договорената соработка се предвидуваат можности за реализација на практична настава и студентска пракса, како и создавање услови за стипендирање на студентите. Предвидено е и формирање заеднички тимови за работа на прашања од заемен интерес, подготовка и реализација на проекти, организирање работилници и конференции, како и учество на домашни и меѓународни научни и стручни настани.
Меморандумот отвора можности за поголемо вклучување на студентите во практичната работа, стекнување нови знаења и професионални искуства, но и за размена на стручни и научни информации меѓу двете институции.
Преку ова партнерство се создава основа за посилна врска меѓу високото образование и професионалната практика, со заедничка цел – унапредување на образованието и сметководствената професија во земјата.


Сподели на социјалните мрежи