ПРЕДАВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ ВЕРА АЦЕВА

Сподели на социјалните мрежи

По повод 20 години од смртта на народниот херој Вера Ацева (24.11.1919 – 10.11.2006), во Прилеп ќе се одржи пригоден настан посветен на нејзиниот живот, револуционерна дејност и историска улога во македонското народноослободително движење.
На предавањето под наслов „Со пиетет кон хероината Вера Ацева“ ќе говори Рубинчо Белчески, историчар и кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, институцијата организатор на настанот.
Вера Ацева е значајна личност од македонската историја, поврзана со подготовките и почетокот на народното востание на 11 Октомври 1941 година, како и со повоениот општествен и политички развој.
Настанот се реализира во рамките на Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година, донесена од Собранието на Република Македонија.
Предавањето ќе се одржи на 24 ноември 2026 година (вторник), со почеток во 18:00 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп.


Сподели на социјалните мрежи