Филмот „Сестра, брат и шахта“, најновото остварување на режисерот и сценарист Милчо Манчевски, ќе ја има својата премиера во Прилеп на 3 декември, во кино „Мис Стон“ при НУЦК „Марко Цепенков“.
Станува збор за црна комедија која носи остра сатира за корумпираното општество, но и нежен портрет на брат и сестра кои со хумор и пркос се обидуваат да се справат со животните предизвици.
Во центарот на приказната се Ивица и Марица, брат и сестра кои крадат бисти за да преживеат. Нивниот живот добива неочекуван пресврт кога еден ден ќе сретнат богата слепа баба.
Во филмот настапуваат Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Дејан Лилиќ, Петар Мирчевски, Стефан Николовски, Јордан Симонов, Јасмина Василева, Марина Поп Панкова, Симона Спировска, Ана Костовска и Ванчо Ѓошевски.
„Сестра, брат и шахта“ е копродукција на Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Италија и Англија. Филмот е од 2026 година и трае 1 час и 55 минути.
Премиера:
3 декември 2026 година
19:00 часот
Кино „Мис Стон“ – Прилеп
Цена на билет: 150 денари.
Влезниците ќе се продаваат на билетарницата на киното на 1, 2 и 3 декември, од 11:00 до 13:00 часот, како и еден час пред проекцијата.

















