НОВА ЕНЕРГИЈА ОД НЕЗАВИСНАТА КУЛТУРНА СЦЕНА ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

На 05 декември 2025 година (петок) во кино салата „Мис Стон“ со почеток во 21.00 часот ќе има концерт и промоцијата на албум на битолскиот бенд ВЕЛ и специјалниот гостин на вечерта Горан Трајкоски – ГОТРА.
Културната сцена/понуда во Прилеп во последните десетина години доживеа таква стагнација, што уживателите на добра музика и редовните посетители на концерти / настани од културата од Прилеп за да ги задоволат своите потреби беа приморани да патуваат во другите градови од Македонија. Како резултат на таквата ситуација во градов, независната културна сцена во последните неколку години го држи приматот на најголем организатор на настани од културата ….овој пат, за прв пат во Прилеп, скромен придонес ќе даде и иницијативата „500 денари рекет“ која ќе иницира барем еден настан од културата месечно…
За почеток ќе ни го понудат концертот и промоцијата на албум на битолскиот бенд ВЕЛ и специјалниот гостин на вечерта Горан Трајкоски – ГОТРА…како што беа претставени на ПИН музичката конференција :
„Две креативни сили, една визија — првпат заедно на сцена.Горан Трајкоски – Готра, еден од највлијателните автори и гласови на алтернативната и експериментална музика, се здружува со битолскиот бенд ВЕЛ за посебен настап што ги спојува длабоките музички корени со современиот звук.Од „Пред дождот“ до „Црнило“, оваа соработка отвора ново поглавје во македонската музичка авангарда — интензивна, возвишена и моќна изведба што ветува ќе остави трага….“
Изненадување на вечерта ќе биде придружната изложба на нашата Костадинка Нешова- Солеска, „Шепот на соништата“ која ќе ни ги претстави уникатните ловци на соништа кои неколку години наназад ги изработува.
Граѓаните на Прилеп ќе можат да го поддржат овој настан и да бидат дел од истиот со купената влезница од 200 денари.


Сподели на социјалните мрежи