Прилеп на 4 април ќе дише во ритамот на блузот и безвременските хитови. На сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во 20:00 часот ќе застане еден од најавтентичните македонски уметници – Игор Џамбазов, заедно со Гуру Харе и Гуру Харе Бенд.
Под мотото „Каква е оваа ситуација? – ваква е оваа ситуација“, прилепчани ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоција, хумор, поезија и моќен музички израз. Со првите акорди на „Диши длабоко“ ќе започне уште едно незаборавно музичко патување.
На репертоарот ќе се најдат дел од најпознатите песни на Џамбазов: „Да си жив и здрав“, „Скопје–Сарај–Матка“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Фотографија“, „Во бестрага“, како и композиции од неговиот последен албум „Првите триесет“. Публиката ќе ужива во концерт што слави блуз, искрен текст и топлата енергија што Игор Џамбазов ја носи со себе на секоја сцена.
Концертот во Прилеп се реализира во рамките на С.О.С. Фестивал 2026, кој годинава ќе се одржи во повеќе градови низ Македонија, со поддршка од Министерството за култура и туризам.
Влезниците на билетарницата во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп по цена од 600 денари секој работен ден од 10 до 12.00ч. и од 18 до 20.00ч, а достапни се и преку платформата www.wayin.mk.















