ХУМАНИТАРНА ПРОЕКЦИЈА НА „АНТИПОД“ – ФИЛМСКА ВЕЧЕР СО ПОРАКА ЗА НАДЕЖ

Сподели на социјалните мрежи

На 26 март (четврток), со почеток во 19:00 часот, во Кино „Мис Стон“ ќе се одржи хуманитарна проекција на документарниот филм „Антипод“, во режија на Бојан Секулоски, со Дарко Неданоски во главната улога.
Овој настан не е само филмска проекција, туку и повик за заедништво и солидарност. Секој купен билет претставува директна поддршка за 10-годишната Ева, која се соочува со тешка здравствена битка и има потреба од итна помош.
Поради сериозноста на дијагнозата, лекувањето не е возможно во земјава. Средствата собрани од проекцијата се наменети за покривање на медицинските трошоци за нејзиното лекување во странство.
Билетите по цена од 200 денари се во продажба во Кафе Лувр, а сите заинтересирани можат да дадат придонес и преку онлајн донација.
Оваа проекција е можност преку уметноста да се испрати силна порака – дека заедно можеме да донесеме надеж таму каде што е најпотребна.
За донација одете на овој линк: https://ecrowd.mk/…/32e3d013-ee25-4087-83c8-d0e29fb42960


Сподели на социјалните мрежи