,,ОД УТОПИЈА ДО ЕНТРОПИЈА 83/26“ ИЗЛОЖБА ОД УМЕТНИКОТ ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

На трети април 2026 г. /петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе биде отворена изложбата ,,Од Утопија до Ентропија 83/26“ од уметникот Златко Крстевски, на која ќе бидат претставени 30 слики масло на платно.Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Изложбата е пресек на  согледување и преиспитување на пејсажната архитектонска форма како бришење од природните еколошки топоними. Од надреални утописки форми до деструкција ,уништување на природата… Визуелно согледуваwе е на климатски промени како културни промени.

-Климатските промени се еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото денес и претставуваат фундаментален политички, економски, еколошки и социо-културен предизвик, што ги засегнува сите: Ние мора да реагираме сега, заедно и на поинаков начин . Секој од нас мора да го преиспита начинот на кој живее, што конзумира и да размислиме каков свет сакаме да оставиме за нашите идни поколенија .

На национално ниво, креаторите на политики треба да изнајдат  начини за промовирање на одржлив економски развој, кој ќе помогне во креирање на работни места и истовремено ќе придонесе за редуцирање  на емисиите на јаглерод диоксид. И на глобално ниво, меѓународните лидери треба да се согласат на праведна, ефективна и амбициозна рамка за значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Во суштина, климатските промени повикуваат на културни промени. Тоа е главна тема на оваа изложба. Преку своите дела охрабрувам  да развиеме нова свест и да го промениме начинот на кој се согледуваме себе си и светот. Покрај  зголемувањето на свесноста и  поттикнувањето дебата,  исто така повикувам да реагираме. Навидум, климатските промени се проблем  на иднината, но иднината се оформува во сегашноста. Затоа, сите ние треба да реагираме сега – вели уметникот.

Златко Крстевски покрај со сликарство се занимава и со авторски стрип, карикатира, мејл-арт. Учесник е на сликарски колонии, симпозиуми, изложувал во Полска, Тунис, Турција, Словенија, Украина, Србија и др. земји. Добитник е на меѓународни награди за сликарство во Тунис, Кореа, Словенија, за цртеж : Кина, Турција , Кореа….


Сподели на социјалните мрежи