ПРОФЕСОРОТ ВАЛЕНТИН ПЕТРУСЕНКО ОД ПЛОВДИВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО АКАДЕМСКА ПОСЕТА НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Професорот Валентин Петрусенко од Пловдивскиот универзитет престојуваше на Економскиот факултет – Прилеп во периодот од 19 до 23 октомври 2026 година, во рамките на меѓународната програма за академска мобилност CEEPUS.
За време на посетата, професорот се запозна со работата на Факултетот, студиските програми, наставните активности и истражувачките приоритети. Престојот овозможи размена на академски искуства и дискусија за актуелни прашања од областа на образованието и науката.
Во рамките на мобилноста беа разгледани и можностите за воспоставување нови форми на соработка, како и за продлабочување на академските врски меѓу двете високообразовни институции.
Ваквите меѓународни посети придонесуваат за размена на знаења и искуства и за развој на соработката во високото образование и научноистражувачката дејност.


Сподели на социјалните мрежи