„ОД УТОПИЈА ДО ЕНТРОПИЈА 83/26“ – ИЗЛОЖБА НА ЗЛАТКО КРСТЕСКИ ОТВОРЕНА ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Синоќа во Ликовната галерија во Прилеп свечено беше отворена изложбата „Од Утопија до Ентропија 83/26“ од уметникот Златко Крстески, на која присуствуваше и градоначалникот Дејан Проданоски, заедно со љубители на уметноста.
Изложбата претставува своевиден пресек на авторското согледување и преиспитување на пејзажната архитектонска форма, но и на постепеното исчезнување на природните еколошки топоними. Преку визуелен јазик што се движи од надреални, утописки композиции до сцени на деструкција и распаѓање, Крстески отвора прашања за односот на човекот кон природата.
Делата носат силна порака – климатските промени не се само еколошки, туку и културни трансформации што оставаат длабоки траги врз современото општество.
Изложбата е дел од годишната програма на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп за 2026 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.
Поставката ќе биде достапна за посетителите во наредниот период, нудејќи можност за подлабоко размислување за светот во кој живееме и неговата иднина.


Сподели на социјалните мрежи