Во Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп започна процесот на работа на новата театарска претстава „Девојките на Марко“, во режија на Синиша Ефтимов. Станува збор за комедија која најавува современ и комуникативен сценски израз, насочен кон пошироката публика.
Следејќи го пулсот на гледачите и нивната потреба за ведрина, хумор и позитивна енергија, театарот континуирано го гради својот репертоар во дијалог со публиката. Комедијата, како жанр кој традиционално ужива голема популарност, претставува значаен дел од оваа уметничка насока, но и обврска кон љубителите на театарската уметност.
Со „Девојките на Марко“, прилепскиот театар ја продолжува оваа линија, со цел да понуди современа и блиска театарска приказна која ќе одговори на вкусот на денешната публика.
Повеќе информации за актерската екипа и премиерното изведување во наредниот период.
Фотографијата е од албумот на Народниот театар „Војдан Чернодрински„ – Прилеп
















