Љубителите на безвременските хитови на легендарните The Beatles на 20 мај (среда) ќе имаат можност да уживаат во уникатен музички спектакл во Центар за култура – Битола, каде со почеток во 20 часот ќе се одржи концертот „ALL YOU NEED IS… БИТ(О)ЛСИ“..
Концертот е во организација на Битолски дувачки оркестар, кој подготвува вечер исполнета со препознатливите мелодии на славната британска четворка, но во поинакво и оригинално музичко руво.
Како специјални гости на сцената ќе настапат Бранислав Николов, Сашо Паркет и Горан Петков, додека низ концертната вечер публиката ќе ја води Рубенс Муратовски.
Организаторите најавуваат силна енергија, познати хитови и поинакво доживување на музиката на The Beatles, а и овојпат продолжува соработката и поддршката од Државно музичко училиште – Битола.
Влезниците се по цена од 400 денари и може да се набават на билетарницата во Центарот за култура – Битола, како и со резервација преку Фацебоок и Инстаграм профилите на Битолскиот дувачки оркестар.
















