ВО ПРИЛЕП ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВЕЧЕР НА СТАРОГРАДСКА МУЗИКА „ЗВУЦИТЕ НА ГРАДОТ“

Сподели на социјалните мрежи

На 24 јули (петок) 2026 година, со почеток во 19 часот, на платото пред НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концертот на староградска музика „Звуците на градот“.
Настанот е посветен на негувањето и афирмацијата на македонската староградска музичка традиција, а пред прилепската публика ќе настапат Пејачката група „Орхидеја“, КУД „Преродба – 24“, Здружение на пензионери – Крушево, Октет „Прилеп“, КУД „Пензионер“ – Прилеп и КУД „Пере Тошев“.
Преку внимателно избрана програма, учесниците ќе ги изведат најпознатите староградски песни и музички бисери кои со децении се дел од македонското културно наследство. Концертот има за цел да ја доближи традиционалната музика до пошироката публика и да придонесе кон зачувување на автентичните музички вредности.

Вечерта на староградска музика „Звуците на градот“ годинава се организира по четврти пат од страна на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, со поддршка од Министерството за култура и туризам.
Љубителите на староградската музика ќе имаат можност да уживаат во двочасовна музичка програма исполнета со препознатливи мелодии, емоции и песни што со генерации се дел од урбаниот музички фолклор на Македонија.


Сподели на социјалните мрежи