QUADRUPLE HELIX – Форум за соработка меѓу академската заедница, работодавачите, студентите и алумните на Економски факултет – Прилеп
27 ноември 2025, во 10:00 часот, на Економски факултет – Прилеп

Целта на Форумот е антиципирање на потребите и очекувањата за компетенциите на студентите, односно високо-образованите кадри од полето економија и бизнис, а во насока на креирање нови или подобрување на постојните студиски програми. Основната идеја на преземените активности е дефинирањето: “какви кадри им се потребни на работодавачите и какви знаења треба да поседуваат дипломираните студенти на Факултетот?”. Дополнително, една од целите на Форумот е и дефинирање модалитети на соработка меѓу деловната заедница и Факултетот.














