НАРОДНИОТ ТЕАТАР БИТОЛА ВОСПОСТАВУВА СОРАБОТКА СО РОМАНСКИОТ БАБЕЛ ФАСТ ФЕСТИВАЛ

Сподели на социјалните мрежи

Народниот театар Битола ја проширува својата меѓународна соработка со потпишување меморандум со Бабел ФАСТ (Babel FAST), меѓународен театарски фестивал од Романија. Со договорот се отвораат можности за нови партнерства, размена на уметнички искуства и заеднички театарски проекти.
Меморандумот беше потпишан на 21 ноември 2026 година, од директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски, и уметничкиот директор на Бабел ФАСТ, Ливју Келоу (Liviu Cheloiu).
Соработката предвидува меѓусебна поддршка, гостувања, копродукции и реализација на заеднички театарски иницијативи, со што се создава простор за поголема размена меѓу македонската и романската театарска сцена.
За Народниот театар Битола, ова партнерство претставува можност за нови меѓународни контакти и претставување на домашната театарска продукција пред пошироката европска публика. Воедно, соработката придонесува за поврзување на културните институции и отворање нови перспективи за уметничка размена.
Со ваквите иницијативи, Народниот театар Битола продолжува да ја гради својата меѓународна мрежа и да ја афирмира Битола како значаен театарски и културен центар.


Сподели на социјалните мрежи