Економскиот факултет во Прилеп продолжува со активности кои го поврзуваат академското образование со реалниот бизнис сектор, најавувајќи серија алумни предавања со истакнати жени лидерки од земјава.
Во организација на Центарот за професионални обуки и кариерен развој, на 23 и 25 март 2026 година, со почеток во 09:30 часот, студентите ќе имаат можност да слушнат искуства од жени, кои денес заземаат значајни раководни позиции во различни области.
Гостинките ќе зборуваат за нивниот професионален пат, предизвиците со кои се соочиле, како и за клучните одлуки и искуства кои придонеле за нивниот успех. Овие средби имаат за цел да ги мотивираат студентите и да им понудат практични насоки за градење кариера.
На 23 март пред студентите ќе се обратат:
• М-р Жаклина Николоска, раководител на сметководствено-финансиски сектор во Микросам ДОО Прилеп
• Лина Димоска, извршен директор на Друштво за застапување во осигурувањето Протектор АД
• Емилија Гершанова, сопственик и управител на Леџет Акаунт ДООЕЛ Битола – сметководствено биро и консалтинг
Додека на 25 март ќе гостуваат:
• Викторија Магдеска, директор на Eкспозитура Прилеп во Шпаркасе банка АД
• Сашка Веловска, сопственик и управител на Еврос Стил ДОО Битола
• М-р Катерина Ристеска, сопственик и управител на КОСТ КОНТРОЛ Прилеп
Алумни предавањата претставуваат значајна можност за студентите да се запознаат со реалните текови во бизнисот, да постават прашања и да добијат инспирација директно од професионалци кои веќе го изоделе патот што тие допрва го започнуваат.















