АКАДЕМСКА СОРАБОТКА БАЛКАН–КАВКАЗ: ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ – ПРИЛЕП ДЕЛ ОД НОВА УНИВЕРЗИТЕТСКА МРЕЖА

Сподели на социјалните мрежи

Деканката на Економскиот факултет – Прилеп, проф. д-р Татјана Спасеска, заедно со продеканката за меѓународна соработка, проф. д-р Емилија Ѓорѓиоска, учествуваа на меѓународниот форум „Балкан–Кавказ: можности за соработка помеѓу универзитетите од двата региони“, во организација на Универзитетот „Паисиј Хилендарски“ од Пловдив, Бугарија.
На форумот, претставници на високообразовни институции од повеќе земји ги презентираа своите универзитети, студиски програми и потенцијали за меѓународна академска соработка. Во фокусот на дискусиите беа размената на студенти и наставен кадар, заеднички научно-истражувачки проекти, како и развојот на интернационални студиски програми.
Учеството на претставничките од Економскиот факултет – Прилеп претставува значаен чекор кон продлабочување на меѓународната соработка и вклучување во пошироки академски иницијативи. Во рамки на форумот беше иницирано и воспоставување на мултилатерален договор за соработка меѓу универзитетите учесници, со цел креирање на нова академска мрежа која ќе ги поврзе институциите од Балканот и Кавказот.
Овој настан отвора нови перспективи за развој на науката, образованието и академската мобилност, позиционирајќи го Економскиот факултет – Прилеп како активен чинител во меѓународниот образовен простор.


Сподели на социјалните мрежи