РОДЕНИ СМЕ, Снежана Паноска

Сподели на социјалните мрежи

Родени сме на плодна почва
каде сонцето ги храни нашите мечти,
водата извира како силна понорница
миејќи ги нашите крвави рани
векутуми собирани.

Родени сме во височините
каде снегот трае до лето
живеејќи ден за ден,
исполнувајќи го вековниот завет
за заминување по дедовите стапки,
не вртејќи се, не гледајќи ги црниците
што се уште ги јадат свилените буби.

Родени сме покрај езерата
наполнети со нашите солзи
радосници или таговници,
секогаш со кренати погледи
кон патиштата што разделуваат,
оставајќи ги гробовите и
нивите неизорани, испостени,
изгазени од туѓинци, распродадени за ич пари,
немајќи каде да се вратиме,
оти вековните црнила се
и денешни секојдневија.

Снежана Паноска

Од НЕОБЈАВЕНАТА Стихозбирката ,, СТИХОРЕД“


Сподели на социјалните мрежи